Суперкомпјутер ги одреди фаворитите за освојување на Мундијалот 2026 – Шпанија, Франција, Англија, па Аргентина

Од:

Суперкомпјутерот на аналитичката компанија „Опта“ објави прогноза за исходот од Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико.

По 10.000 симулации, најголем фаворит за освојување на титулата светски шампион е Шпанија.

Според пресметките на „Опта“, Шпанците имаат 16,1 процент шанси за освојување на титулата, што ги става пред Франција со 13 проценти, Англија со 11,2 проценти и бранителот на титулата Аргентина, на која суперкомпјутерот ѝ дава 10,4 проценти шанси.

Овие четири репрезентации се издвојуваат како главни кандидати за првото место.

Следуваат, според одредената прогноза, селекциите на Португалија, Бразил, Германија, Холандија, Норвешка и Белгија.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он