Стојановска: Напорноста се исплатеше, награда е титулата

Од:

Најдобрата кошаркарка во женското финале од плејофот на македонскиот шампионат, Александра Стојановска, е задоволна од освојувањето на шампионската титула која Бадел 1862 ја освои по 3-0 во победа над големиот ривал Вардар.

За клубот од Кисела Вода ова беше петта титула по ред.

– Ова беше една тешка сезона за нас, се соочивме со многу повреди и лоши моменти, но и покрај тоа работевме доста напорно, едноставно игравме една за друга на терен и мислам дека сосема заслужено победивме на крај, изјави МВП Стојановска.

Кошаркарките од ЖКК Бадел 1862 и на овој натпревар ја имаа поддршката од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

– Задоволството е големо, ако се земе предвид дека минатата година клубот го напуштија три квалитетни кошаркарки во странство, бројни повреди и кооптирање на млади кошаркарки во првиот тим. Но, со многу работа, желба и посветеност квалитетот дојде до израз, доминанто ја освоивме титулата. Би сакал да искажам голема благодарност до девојките, стручниот тим и управата на клубот, и секако до градоначалникот Филип Темелковски кој со своето присуство и бодрење на нашиот клуб на натпреварот допринесе за освојување на титулата, како и преку поддршката на финансиски и логистички план која ни ја овозможи, истакна Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска