Ставрев ќе суди на натпреварот меѓу Малме и Бешикташ во Лига Европа

Од:

Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев ќе суди на натпреварот од групата И во Лига Европа меѓу Малме и Бешикташ.

Натпреварот ќе се игра во Шведска на четврти октомври на стадионот во Малме, а помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија е Никола Караколев.

За Ставрев ова ќе биде четврти натпревар во Лига Европа сезонава, откако претходно судеше на натпреварите Лајпциг – Хакен (второто квалификациско коло), Брага – Зорја (третото квалификациско коло) и плеј-оф натпреварот меѓу Карабах и Шериф

Би можело да ве интересира

Почина судијата Огнен Ставрев