Ставре Јада е првиот македонски олимпијец кој настапи на Зимските Олимписки Игри кои се одржуваат во Милано–Кортина. После ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за Ставре.
Јада денеска настапи во квалификациите на нордиските трки спринт. Во конкуренција на 95 натпреврувачи (еден не се појави на трката), нашиот најискусен олимпијец, оствари време од 3:59.5 и заврши на 89 место.
Со ова време тој не обезбеди место во следната етапа од крос-кантри спринтот.
Нашиот олимпијец ќе настапи и во уште една дисциплина во нордиски стил на 10 км интервал старт.
