Со осумте натпревари од трите групи кои се играат денеска стартуваат квалификациите за Европското првенство 2016 (ЕУРО 2016) што ќе се одржи во Франција.
Македонија својот прв натпревар ќе го одигра утре против европскиот шампион Шпанија во Валенсија.
Според новиот формат на УЕФА од овие квалификации натпреварите од едно коло ќе се играат во три дена и во два термина.
Денеска се играат дуелите:
Д група: Грузија – Република Ирска, Германија – Шкотска, Гибралтар – Полска.
Ф група: Унгарија – Северна Ирска, Фарски острови – Финска, Грција – Романија.
И група: Данска – Ерменија, Португалија – Албанија. Србија е слободна.