Стадионот на германскиот бундеслигаш е целосно поплавен, наликува на базен

Од:

Обилни дождови го зафатија германскиот регион Баден-Виртемберг, а во поплавите беше оштетен и стадионот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм.

Како што може да се види на видеата кои се појавија, арената Рајн Некар е целосно поплавена, а теренот уништен.

Врнеше непрекинато и интензивно, а арената Рајн Некар, отворена во 2009 година, се претвори во вистински базен.

Инаку, стадионот има капацитет од 30.000 седишта, а Хофенхајм минатата сезона заврши на седмото место и се пласираше во Лига Европа.
Хофенхајм се уште јавно не се изјаснил за поплавите, а во Баден-Виртемберг е прогласено четврто ниво на тревога по обилните врнежи.

Би можело да ве интересира

Целиот тим на Хофенхајм е во изолација