Српските спортисти добија забрана за учество на Олимписките игри во Париз

Од:

Светската веслачка федерација (СВФ) соопшти дека српската веслачка федерација е суспендирана поради финансиски долгови.

Како што објави „Спортски журнал“, оваа одлука важи од 1 јануари 2024 година, а тоа би требало да значи дека српските веслачи нема да можат да учествуваат на Олимписките игри во Париз следното лето.

– Нема можност Веслачката федерација на Србија да учествува во управувањето со веслачкиот спорт во Србија и светот.

– Нема можност Веслачката федерација на Србија да носи спортисти на светските натпревари во веслање и на Олимписките/Параолимписките игри.

– Нема можност Србија да биде домаќин на какви било идни светски натпревари во веслање.

Би можело да ве интересира

Македонските млади веслачи со помош на МОК ќе настапат на Светското првенство во Тракаи

Ана Ололовска

В сабота прв маратон во кајак и веслање во Охридското Езеро

Ана Ололовска

Прв веслачки маратон на Охридското езеро

Ана Ололовска