Србија е победник на 12-то издание на Светската лига во ватерполо, откако во финалето на завршниот турнир во рускиот град Челјабинск ја победи Унгарија со 12:7.
За Србија ова е седми триумф во Светската лига, во која досега има освоени и по едно сребро и бронза и со вкупно девет медали таа е најуспешната репрезентација во ова натпреварување.
Унгарија останува второрангирана селекција по бројот на освоени медали – има вкупно шест (2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен).
Бронзениот медал го освои Црна Гора, која со 13:11 ја совлада селекцијата на САД по подоброто изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши без победник 10:10.