Ватерполо репрезентацијата на Србија го освои првото место во Светската лига откако синоќа во финалето во Бергамо ја победи Хрватска со 9:6.
Со оваа победа Србите ја одбранија титулата во ова натпреварување. На полувреме Хрватска водеше со 4:2, а во вторите две четвртини Србија направи пресврт и полувремето го доби со 7:2 за конечен триумф.
Најефикасен на дуелот беше Душко Пјетловиќ од Србија со 3 голови, додека Сандро Сукно кај Хравтска постигна два. Шампионот на Светската лига Србија покрај првото место доби и парична награда од 100.000 долари, а ова беше и деветти триумф во 13.то издание на Светската лига.
Во „малото финале“ Бразил ја совлада селекцијата на САД 14:13 на пенали и го освои бронзениот медал.
Со освоеното прво место Србија обезбеди и учество на ЛОИ во Рио де Женеиро следната година.