Србија ја одбрани титулата европски шампион во ватерполо

Од:

Ватерполо репрезентацијата на Србија го одбрани трофејот шампион на Европа, откако вечерва пред повеќе од 15 илјади гледачи во „Белградска Арена“ ја победи Црна Гора со 10:8.

Црногорците добро го почнаа финалето и имаа предност од два гола разлика по првиот период. По третата четвртина резултатот беше изедначен 6:6, за победникот да биде решен во последниот период кој им припадна на домаќините со 4:2.

Во предигра на финалето се одигра дуелот за третото место во кој Унгарците ја совладаа Грција со 13:10 и го освоија бронзениот медал.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство