Словенија и Србија официјално ќе поднесат кандидатура за организација на Европското првенство во кошарка што треба да се игра 2019 година.
Како што соопшти Кошаркарскиот сојуз на Србија, договорено е по две групи да се играат во Словенија и Србија, а завршницата во „Белградска Арена“.
– Заедничката кандидатура е логичен резултат на одличната наша соработка, изјави претседателот на КСС Драган Џилас.
Србија е европски шампион, а Словенија земја во која женската кошарка е во експанзија. Сигурен сум дека, ако биде прифатена нашата кандидатура, ќе го имаме најдоброто и најпосетеното ЕП, додаде првиот човек на српската кошарка.
И претседателот на Сојузот на Словенија, Матеј Ерјавец, исто така, ја нагласи одличната соработката меѓу двете организации.
– Ние веруваме дека заедно можеме да направиме најдобра организација на евро-шампионатот. Одлуката да конкурираме за организацијата врз основа на фактите кои сакаме да ги поддржиме нашите кошаркарки кои успеале да постигнат историски успех и да се пласираат на ЕП 2017. Со евентуално добивање на организацијата на ЕП 2019, словенечките репрезентативки ќе имаат натпревари од највисоко ниво пред домашната публика, истакна Ерјавец.