Репрезентациите на Србија и на Соединетите Американски Држави ќе се борат за трофејот во годинешното издание од Светската лига во ватерполо.
Ова е епилогот по денешните полуфинални натпревари од завршниот турнир што се одржува во кинески Хуижу.
Србија во првото полуфинале беше подобра од Италија со 7:4 (2:1, 2:1, 1:1, 2:1).
Американците за финалето се изборија по подоброто изведување пенали против Грција. Резултатот по четирите периоди беше 11:11.
Во изминатите три изданија од Светската лига победник беше српската репрезентација, која утре ќе се бори за четвртиот последователен трофеј или вкупно десетти.