Репрезентациите на Србија и Хрватска очекувано обезбедија пласман во четвртфиналето на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград.
Во натпреварите од осминафиналната рунда одиграни синоќа, домаќинот и актуелен европски шампион Србија со 10:5 ја победи Словачка, додека Хрватска ја совлада Холандија со 16:9.
Претходно, Шпанија убедливо со 14:3 ја победи Малта, додека Црна Гора беше подобра од Франција со 11:6 .
Србија, Хрватска, Шпанија и Црна Гора се пласираа во четвртфиналето, а кои четири селекции ќе бидат нивни противници ќе се знае денеска по одигрувањето на преостанатите осминафинални натпревари во кои ќе играат: Италија – Турција, Унгарија – Грузија, Романија – Грција и Русија – Германија.