Србија ги победи Американците и триумфално тргна кон светскиот врв

Од:

Ватерполо репрезентацијата на Србија ги совлада Соединетите Американски Држави со резултат 17:13.

Србија со тоа триумфално го стартуваше натпреварувањето на Светското првенство во Унгарија.

Покрај Американците, во групата со Србија се и селекциите на Казахстан и Австралија.

Натпреварот изобилуваше со голови, што го покажува и самиот резултат, а најефикасна беше првата четвртина во која беа постигнати дури десет гола!

Тој период од играта заврши со резултат 5:5.

Вториот дел го карактеризираа неколку израмнувања и промени во водството, а првото полувреме заврши со резултат 8:7 во корист на Србија.

Се чинеше дека Србија ќе го скрши отпорот на Американците во третата четвртина, но Американците не го дозволија тоа – постигнаа два гола во финишот на третата делница и повторно ја намалија предноста на Србија на само еден гол.

Сепак, Србија во четвртата четвртина одигра многу подобро отколку во останатиот дел од натпреварот и оттаму само ја зголемуваше предноста.

Натпреварот заврши со резултат 17:13.

Најефикасен во редовите на Србија беше Душан Мандиќ со четири гола, а Никола Лукиќ постигна три, како и Страхиња Рашовиќ. На другата страна Алекс Бовен беше во водство со четири гола.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Звезда го бркаат ватерполо тренерот поради тоа што е Хрват

Ана Ололовска