Специјалната олимпијада го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Од:

Со песната „Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“, невладиното здружение Специјалната олимпијада Македонија го одбележува 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

– Ударот којшто го зададе пандемијата со Ковид-19 сериозно го намали квалитетот на живот на атлетите на Специјална олимпијада Македонија, но и генерално на лицата со попреченост глобално, така што ние се обидуваме да го одржиме низ различни форми нивниот дух и да им отвориме можности за спортски активности придржувајќи се до програмите којашто ни се зададени на глобално ниво, истакна по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, националниот директор на Специјална олимпијада Македонија, Драган Караџовски.

Токму затоа во Европската кошаркарска недела, годинава е организирана со онлајн и офлајн активности. Кампањата „Лицата на кошарката“ ги мобилизираат атлетите, тренерите и волонтерите на организациите да се фотографираат и да ги споделуваат своите искуства, а воедно и да ги најават можните настани со физичко присуство, поврзани со кошарката.

Оваа година „Европската кошаркарска недела“ ја одбележуваме со песната „Дозволи ми да победам“ која ја изведува Никлеман во чест на кошаркарите на Специјална олимпијада Македонија, а ја продуцираше Гоце Трпков – Гоце САФ. Во музичкиот спот за неа учествува кошаркарскиот тим на Специјална олимпијада Македонија кој освои бронзен медал во Абу Даби во 2019 година и кошаркарските ѕвезди Војдан Стојановски, Јелена Антиќ и Роберт Рикиќ, како и тренерот на шампионскиот тим МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ.

Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Македонија е поддржана со институционален грант на Цивика Мобилитас.

Специјална олимпијада Македонија во земјава е формирана во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, која е основана од Јунис Кенеди Шрајвер во 1968 година и денес брои 6 милиони атлети и јунифајд партнери во 190 земји ширум светот.

Би можело да ве интересира

Бронза и за кошаркарите на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Ана Ололовска

Кошаркарите од Специјалната Олимпијада со настап на полувремето на натпреварот Македонија – Швајцарија

Ана Ололовска

Две сребра за Макеоднија од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија2017

Ана Ололовска

Средба на директорот на АМС со членовите на Специјалната олимпијада

Ана Ололовска