Аријана Михајловиќ не се одвојува од болниот сопруг.
Напред Синиша!, напиша утринава на Твитер познат италијански новинар, осврнувајќи се на славниот фудбалер, но не објасни зошто го објавил тоа. Јавноста е загрижена, сите се прашуваат што се случува со Синиша Михајловиќ и неговото здравје, со оглед на тоа дека леукемијата повторно му се заканува во последните месеци.
Меѓутоа, неколку часа подоцна, друг новинар се јави:
„Во овој момент во 11:53 часот Синиша Михајловиќ е стабилен. Веста што се појавува е лажна. Вистина е дека во последните неколку часа состојбата му се влошила. До него е семејство кое го поддржува“, напиша Иларио ди Џова на Твитер.
Alle 11.53 Sinisa #Mihajlovic è stabile. Le notizie che rimbalzano nelle chat sono totalmente false. Vero è che nelle ultime ore le sue condizioni di salute sono peggiorate. È circondato dall’affetto dei suoi cari che lo confortano. Questa corsa all’annuncio è raccapricciante.
— Ilario RadioRadio (@IlarioDiGiovamb) December 14, 2022
Семејството не се огласи досега.
View this post on Instagram
„Љубовта е нешто вечно, аспектот може да се промени, но не и суштината“, напиша таа неодамна покрај заедничката фотографија. Заедно ги поминаа сите подеми и падови, секогаш успешно, бидејќи се свесни дека после дождот секогаш доаѓа сонце: „За убави зајдисонца потребно е и облачно небо“. „Нема да се откажам од тебе, ти си мојата карпа“. Љубов која трае со децении. Семејството е најголемата поддршка. Ние веруваме во Синиша, нема предавање.