Напаѓачот на премиерлигашот Тотенхем, Хеунг – мин Сон е прогласен за најдобар јужнокорејски фудбалер во 2021 година, по рекорден шести пат во кариерата.
Во изборот гласаа Корејската фудбалска федерација и спортски новинари, а Сон го освои признанието пред дефанзивецот на Фенербахче, Мин – џае Ким.
За Сон ова е трета едноподруго награда за најдобар фудбалер на Јужна Кореја, а признанието го освојуваше и во 2013, 2014 и 2017 година.
Сон минатата сезона за Тотенхем постигна 22 голови, а во оваа година четири пати се запиша во листата на стрелци во репрезентативниот дрес во мундијалските квалификации.