Ракометарите на грчки АЕК се уште не излегуваат на терен за време на претставувањето на двата тима, во финалето од Вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Организаторот на мечот со народната песна „Ја излези Ѓурѓо“ на еден начин ги повика гостинските ракометари на терен, но…
Информациите се дека ракометарите нема да истрчаат на терен се додека во сала не влезат нивните фанови. Најновите информации се дека претседателот на АЕК не дозволува играчите да играат се додека на трибините не се појават грчките навивачи.
Според неофицијални информации, проблемот настанал затоа што бројот на грчки навивачи што пристигнале бил значително поголем од дозволените 200 билети.
Неофицијално, навивачи на АЕК уште во текот на денот биле присутни во хотелот на грчките ракометари и не им дозволувале воопшто да го напуштат хотелот.
Грчки АЕК е познат по вакви сценарија, против Партизан напушти терен иако имаше услови за играње на мечот.
Мечот подоцна се играше на неутрален терен, а на крајот победи грчкиот тим, на пенали.
Останува на ЕХФ како ќе реагира по сите овие случувања.