Сменeти се дури осум селектори, а Мундијалот 2026 не е ни до осминафинале

Од:

Германецот Јулијан Нагелсман (38) е осмиот селектор кој не го „преживеа“ неуспехот на Светското првенство. Германската федерација денеска објави дека е прекината соработката со младиот тренер, кој поради тоа што имаше важечки договор, ќе добие соодветно обесштетување.

Нагелсман така стана осмиот селектор што ја прекина соработката со националниот тим уште за време на Светското првенство.

Пред него, од кормилото на репрезентацијата си заминаа Сабри Ламуши (Тунис), Хонг Мјунг-Бо (Јужна Кореја), Марсело Биелса (Уругвај), Роналд Куман (Холандија), Мирослав Кубек (Чешка), Стив Кларк (Шкотска) и Себастијан Бекасече (Еквадор).

Биелса е единствениот селектор на листата што самиот поднесе оставка, откако Уругвај беше елиминиран во групната фаза од турнирот.

Уникатен случај е Ламуши, кој беше отпуштен од раководството на Фудбалскиот сојуз на Тунис уште по првиот натпревар и дебаклот против Шведска (1:5), а на негово место за остатокот од турнирот дојде Ерве Ренар.

Кубек се задржа на чешката клупа само половина година.

Роналд Куман неславно го заврши својот втор мандат на клупата на „лалињата“ (елиминација од Мароко), додека шкотскиот селектор Кларк си замина од кормилото на репрезентацијата по цели 7 години.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он