Следниот „Фолксваген Широко“ ќе биде на струја и ќе има 300 кс

Од:

Наследникот на актуелниот модел на „Фолксваген Широко“, што во продажба е уште од 2008 година, треба да има исклучиво електричен погон.

И покрај новиот вид погонски систем, следниот „Фолксваген Широко“ ќе ги задржи атрибутите што ги имаше и во претходните генерации – тоа и натаму ќе биде спортски купе, со привлечен дизајн и забавен за возење, дознава „ AutoExpress“.

Германскиот производител се уште не ги дефинирал сите детали, но „Широко“ треба да се темели врз механичка МЕБ платформа на „Фолксваген“, што е конструирана специјално за електрични возила.

МЕБ платформата, инаку, ќе ја користи и првиот електричен автомобил на „Фолксваген“ од следбата генерација, „И.Д“ хечбек во класата на „Голф“.

Според неофицијалните извори, новиот „Широко“ ќе биде достапен во неколку варијанти, од кои основната верзија ќе има електромотор со 170 кс, додека во врвот на понудата ќе се најде и моделот со два електрични агрегата со вкупна сила од околу 300 кс.

Еден електромотор ќе се наоѓа на предната, а вториот на задната осовина, па автомобилот би имал погон на сите четири тркала.

Би можело да ве интересира

„Фолксваген Е-Ап“ претставен на Меѓународниот саем за енергетика „Енерга“

Наум Локоски