Славен Билиќ повторно е селектор на хрватската репрезентација, потврди Хрватскиот фудбалски сојуз.
Уште од заминувањето на Далиќ, па и пред тоа, Билиќ се наметна како главен кандидат за оваа функција. Пред да ја преземе репрезентацијата, тој беше без ангажман две години, откако доби отказ од саудискиот клуб Ал Фатех.
Ова е втор мандат на Билиќ на чело на репрезентацијата. Тој ја предводеше Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година и ја одведе селекцијата на две големи натпреварувања, вклучувајќи го и Европското првенство во 2008 година, каде што тимот стигна до четвртфиналето. Во квалификациите за тоа првенство, Хрватска оствари две големи победи над Англија, а во тој период Билиќ во репрезентацијата воведе генерација играчи кои подоцна освоија светско сребро во Русија. Се очекува тој да заработува околу еден милион евра годишно (бруто).
At the proposal of HNS president Marijan Kustić, the HNS Executive Committee unanimously appointed Slaven Bilić as head coach of the #Croatia national team! 🤝
🇭🇷 We wish him the very best of luck and plenty of success!#Family #Vatreni ❤️🔥 pic.twitter.com/pNTshLo2b3
— HNS (@HNS_CFF) July 13, 2026
Роден е на 11 септември 1968 година во Сплит, а како играч настапуваше на позицијата одбранбен играч и остави свој белег во Хајдук, Карлсруе, Вест Хем и Евертон. Одигра 44 натпревари за хрватската репрезентација и постигна три гола, а беше важен дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во 1998 година во Франција.
Својата тренерска кариера ја започна во Хајдук во 2001 година, каде што уште во првата сериозна сезона успеа да го подигне нивото на игра и да го освои второто место во ХНЛ. Неговиот подем започна во 2004 година, кога ја презеде младата хрватска репрезентација (до 21 година), а две години подоцна стана селектор на сениорската репрезентација.
По заминувањето од хрватската репрезентација, ги водеше московски Локомотив и истанбулски Бешикташ, каде што оствари забележителни резултати и прикажа добра игра, но не освои трофеј, иако неговите наследници подоцна освојуваа титули.
Во Англија го водеше Вест Хем од 2015 до 2017 година – при што во првата сезона го одведе клубот до пласман во Лигата на Европа – а подоцна и Вест Бромвич Албион, со кој во 2020 година избори пласман во Премиер лигата.
Работеше и на Блискиот Исток и во Кина, во клубовите Ал-Итихад и Пекинг Гуоан, каде што резултатите не беа на нивото на очекувањата, па ангажманите беа краткотрајни. Подоцна ги водеше Вотфорд во Чемпионшип лигата и саудискиот Ал-Фатех, а неговиот статистички просек во текот на кариерата изнесува околу 1,6 бода по натпревар.
И покрај тоа што работи како тренер повеќе од дваесет години, Билиќ нема освоено трофеј во својата клупска кариера, освен пласманот во Премиер лигата со Вест Бромвич. Оправдувањето често се бара во фактот дека речиси никогаш не ги водел доминантните клубови во своите лиги, туку тимови што се бореле за места кои водат во европските натпреварувања или за опстанок во лигата.
