Синер изгуби два милиони евра

Од:

Тримесечната суспензија на Јаник Синер поради случајот „Клостебол“ го лиши од бодови и дополнителни парични награди.

Италијанецот отсуствуваше од 9 февруари до 4 мај оваа година, откако се „договори“ со Светската антидопинг агенција (WADA).

Здружението на тениски професионалци (ATP) има бонус фонд, од кој доделува парични награди на играчи кои постигнале најдобри резултати во сезоната.

Наградниот фонд од 21 милион долари се распределува врз основа на перформансите на турнирите од Мастерс серијата.

Карлос Алкараз е на прво место во овој поглед со 3.420 поени, по него следува Синер со 2.350.

Она што е сигурно е дека Јаник нема да добие никаков бонус, бидејќи предуслов е да се играат сите Мастерс турнири, освен Монте Карло.

Постои и систем на санкции, 25% за еден пропуштен турнир, 50% за два, 75% за три, а Синер ги пропушти Индијан Велс, Мајами и Мадрид, заедно со претходно споменатиот Монте Карло.

Затоа, Јаник е принуден да се откаже од 2,3 милиони долари, односно два милиони евра.

Веројатно Италијанецот не се грижи многу за ова, бидејќи неодамна освои шест милиони долари само од триумфот на егзибицискиот турнир во Ријад.

Би можело да ве интересира

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето за 59 минути

Ѓоковиќ поразен од Синер седми пат по ред

Италијанскиот тенисер Јаник Синер победи на турнирот во Пекинг

Синер го победи Чилиќ и се пласираше во осминафиналето на АТП турнирот во Пекинг

Ново Грен слем финале Синер – Алкараз, Шпанецот го елиминираше Ѓоковиќ

А1он

Ќе го стигне ли Синер „спортското проклетство“ – раперот Дрејк се обложи на него

А1он