Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф е воодушевен од крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кварачелија, толку многу што мисли дека е најдобриот на планетата.
Синоќа, Сидорф беше под силен впечаток по спектаклот помеѓу ПСЖ и Баерн (5:4) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а особено го истакна претставникот на Грузија.
„Кварацкелија е најдобриот играч на светот и ќе биде уште подобар“, почна Сидорф, можеби првата јавна спортска личност која буквално го опиша Грузиецот со тие зборови.
„Не знам дали засекогаш ќе игра на левата страна бидејќи едноставно знае што да прави во секоја ситуација. Ми се допаѓа неговата интелигенција, во одредени моменти го носи тимот сам. Може да игра како човек повеќе во средината и во исто време да прави разлика во нападот. Тој е неверојатен“, додаде 50-годишниот поранешен играч на Ајакс, Сампдорија, Реал Мадрид, Интер и Милан.
