Олимпискиот шампион Швајцарија освои златко во мешаното екипно натпреварување на Светското првенство во ски-алпски дисциплини во Оре (Шведска).
Венди Холденер, Даниел Јуле, Алинe Даниот и Рамон Ценхоjзерн ги елиминираа последователно Белгија, домаќинот Шведска, Германија и Австрија, за да донесат прво злато на својата земја во дисциплината на светскиот шампионат. Со главна заслуга за успехот беа Холденер и Ценхојзерн, кои ги освоија четирите трки во паралелен слалом.
Во финалето против Австрија двата тима си разменија по две победи, но двете најбрзи времиња на Швајцарците беа 48.13 секунди, за 77 стотинки побрзи од оние на Австријците.
Во дуелот за бронзата, Италија победи со 3:1 против Германија, која пак во четвртфиналето ја совлада Франција со 3:1.