Селекцијата на Шпанија постигна висока победа над Хрватска во првото коло од втората фаза од Европското првенство за кошаркарки, што се игра во Унгарија и во Романија. Шпанија триумфираше со 95:52.
На другите два дуела од групата Ф беше многу понеизвесно: Србија ја победи Словачка со 76:74, а Литванија беше поуспешна од Русија со 78:74.
Табела Ф група: Шпанија 6 бодови, Русија 5, Србија 5, Словачка 4, Литванија 4, Хрватска 3.
Денеска се играат натпреварите од второто коло од втората фаза од Е групата во Дебрецин, каде според програмата ќе играат: Црна Гора – Белорусија (почеток 15:30 часот), Грција – Чешка (18 часот) и Франција – Турција (20:30 часот).
Табела Е група: Франција 6, Белорусија 5, Турција 5, Црна Гора 4, Чешка 4, Грција 3.