Шпанија, Русија и Србија во четвртфиналето на Европското првенство за кошаркарки

Од:

Репрезентациите на Шпанија, Русија и на Србија од групата Ф изборија пласман во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Унгарија и во Романија.

Овие три селекции им се приклучија на Турција и на Франција од групата Е, кои ден претходно се пласираа за завршницата.

На синоќа одиграните дуели од Ф групата во Ѓер: Литванија – Хрватска 83:64, Русија – Словачка 75:61 и Шпанија – Србија 91:80.

Табела Ф група: Шпанија 8 бодови, Русија 7, Србија 6, Литванија 6, Словачка 5, Хрватска 4.

Денеска се играат натпреварите од 5.коло во групата Е во Дебрецин: Турција – Чешка (почеток 15:30 часот), Црна Гора – Грција (18 часот) и Белорусија – Франција (20:30 часот).

Табела: Турција 7, Франција 7, Белорусија 6, Црна Гора 6, Чешка 5, Грција 5.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска