Кошаркарската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство за жени што се одржува во Чешка. Во првото полуфинале Шпанија ја победи Белгија со 68:52. „Црвената фурија“ до триумфот стигна откако по 30.минути имаше водство од 52:33, а Белгија до крајот само го намали поразот.
Во второто полуфинале вечерва од 20:30 часот ќе играат Франција и Грција.
Во натпреварите за пласман од 5-8.место Летонија ја победи Италија со 68:67, а Турција беше подобра од Словачка со 72:56. Овие две репрезентации со триумфите обезбедија пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Шпанија.