Кошаркарките на Бадел 1862 без ниту еден загубен натпревар во сезоната 2015/2016 ја одбранија шампионската титула во Првата лига и по 12.ти пат во историјата го подигнаа шампионскиот пехар наменет за најдобрата екипа во македонската женска кошарка.
Во најинтересниот и најнеизвесниот натпревар сезонава одигран синоќа во Делчево во рамките на финалето од плеј офот, Бадел 1862 со 63:58 (13:13; 11:8; 15:16 и 24:21) по втор пат во финалето славеше победа над големиот ривал Клубски Патриот што беше доволно за 3-0 во победи (Бадел серијата од финалето ја почна со 1-0) и за нова титула во Првата лига.
Кошаркарите на Бадел 1862 и сезонава ја завршија со двојна круна, откако претходно во финалето на Купот во Гевгелија беа најуспешни и во тоа натпреварување.