Сензационална Американка во финалето на Австралија опен

Од:

Американската тенисерка Медисон Кејс ја изненади втората носителка, Ига Свјонтек од Полска со 5:7, 6:1, 7:6(8) и стигна до своето прво финале на Австралија опен во Мелбурн.

Кејс, рангирана на 14. место во светот, во финалето во сабота ќе се соочи со двократниот бранител на титулата и светски рекет број еден, Белорусинката Арина Сабаленка.

Американката до денес беше само во финалето на УС Опен во 2017 година, кога загуби од Стивенс, а до новата можност стигна со пресврт против Свјонтек по два часа и 37 минути игра.

Полската тенисерка го доби првиот сет, а потоа во третиот сет при 6:5 пропушти меч поен на свој сервис, но потоа поведе со 7:5 во супер тај-брејкот.

Кејс имаше 14 винери повеќе од петкратниот победник на Грен слем и само една неизнудена грешка.

Дваесет и деветгодишната Кејс на пет меча досега ја победи Свјонтек само еднаш, а интересно е што истиот сооднос (1:4) го има и против три години помладата Сабаленка.

Би можело да ве интересира

Јаник Синер ја одбрани титулата во Мелбурн

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

А1он