Во својата кариера, Џермејн Пенант (42) играше за Арсенал, Ливерпул, Лидс, Бирмингем, Сарагоса, за младата репрезентација на Англија, беше во финалето на Лигата на шампионите. Но, она по што се памети многу повеќе е тоа што беше во затвор.
Во 2005 година, кога возеше пијан, без возачка дозвола и без осигурување, беше осуден на три месеци затвор.
Jermaine Pennant explains what his first few days in prison felt like 🔒 pic.twitter.com/0wrwFNPNwF
— GOAL (@goal) October 24, 2025
„Работите што беа кошмар станаа реалност. Кога бев осуден, седев таму и си помислив „тоа е тоа, мојата кариера е завршена“. Се надевав дека ќе можам да поднесам жалба, дека нешто може да се направи. Потоа се појавија чуварите, ме ставија во комбе и ме однесоа во затвор. По патот размислував што да правам сега и што ќе се случи сега, дали ќе ме претепаат таму“, се присети Пенант во подкастот на Адебајо Акинфева.
Кога заврши во затворска ќелија, не можеше да си дојде на себе. Не можеше да поверува што се случува.
„Седев во ќелијата, првите два или три дена бев во целосен шок. Штом престана, се распаднав, четвртиот ден почнав да плачам. Што направив со мојот живот? Како стигнав до ќелијата? Играв за Арсенал, играв во Премиер лигата, му местев голови на Емил Хески, славев со навивачите. Како сега седам во ќелијата…“
Тој не ја заборава околината во која се наоѓал тогаш. Околу него имало други затвореници осудени за најлошите злосторства.
„Седев во ќелија, како да сум терорист, убиец или силувач. Ова се луѓето што беа околу мене. Бев во затвор од категорија А, таму беа најлошите криминалци“, вели Џермејн.
Тој откри и какви биле неговите денови во затвор и каков бил ритуалот.
„Ми дозволија да одам во теретана, наутро и навечер, иако беше дозволена само една сесија во текот на денот. Имаше и фудбал во затворот, играв со нив, но беше ужасно. Морав да скокам екстремно високо за да избегнам некои лизгачки стартови, инаку ќе ме убијат. Еден од нив се лизна, како во борбите во UFC. Во тие моменти бев убеден дека мојата кариера е завршена, но не само тоа, туку и мојата слобода“ вели тој.
Уште еден интересен детал ја следи кариерата на Пенант. Тој одигра официјален натпревар во Премиер лигата носејќи алка за ногата. Веќе беше во затвор, осуден на три месеци, но му беше дозволено да игра за Бирмингем.
Значи, тој го одигра натпреварот против Тотенхем со алка на ногата. Откако Бирмингем испадна од Премиер лигата, тој отиде во Ливерпул и таму помина три сезони. Играше во финалето на Лигата на шампионите, а потоа ги носеше дресовите на Портсмут, Сарагоса, Стоук, Вулверхемптон, Виган…
Пенант во затвор очигледно не ги научи лекциите. Мораше да прогласи банкрот, откако западна во мултимилионски долгови. Ја претвори куќата, која вредеше околу три милиони фунти, во фарма за канабис. Неколку пати е апсен за ова, неговата куќа беше запалена неколку пати, како предупредување од дилери на дрога.
