Салах и Слот фаворити за наградата најдобар играч и менаџер на сезоната во Премиерлигата

Од:

Објавени се финалистите за наградата најдобар играч и тренер на сезоната во Премиерлигата, а најмногу кандидати има новиот шампион Ливерпул.

Номинирани се осум играчи, меѓу кои тројца играчи на Ливерпул, Рајан Гравенберг, Мохамед Салах и Вирџил ван Дијк.

Во игра за наградата се и дуото од Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд, напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Александар Исак, крилниот напаѓач на Брентфорд, Брајан Мбеумо и играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс.

Во конкуренција за наградата за најдобар менаџер се Томас Френк (Брентфорд), Еди Хау (Њукасл Јунајтед), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Витор Переира (Вулверхемптон) и Арне Слот (Ливерпул).

Победниците ќе ги одлучат гласовите на навивачите и фудбалските стручњаци.

Минатата сезона наградите отидоа во рацете на Манчестер Сити. Најдобар менаџер беше Пеп Гвардиола, а најдобар играч Фил Фоден.

Би можело да ве интересира

Легендата на Ливерпул се бореше за живот: Страшно искуство, ама сега сум уште посилен

А1он

Kрај на 137 годишна традиција во Премиерлигата – на Boxing day само еден натпревар

А1он

Се откажа од фудбалот една година, а сега е хит во Англија – Пеп Гвардиола го сака во Сити

А1он

Хаос во Ливерпул – менаџерот Слот го исфрла Салах од составот за мечот со Интер во ЛШ

А1он

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ

Се „ниша столчето“ на Арне Слот во Ливерпул

А1он