Рудиќ повторно дел од стручниот совет на ватерполо сојузот на Хрватска

Од:

Трофејниот тренер Ратко Рудиќ е повторно дел од хрватската ватерполо репрезентација.

Рудиќ во својата кариера со репрезентациите кои ги предводел има освоено четири златни олимписки медали и по три златни медали на светски и европски првенства.

– Со одлука на Управниот одбор на Ватерполо сојузот на Хрватска (ВСХ) Рудиќ повторно е дел од стручниот совет на ВСХ, се вели во соопштението на Сојузот.

Рудиќ досега беше селектор на репрезентацијата на Бразил, а по Игрите во Рио заврши неговиот ангажман со „кариоките“. Рудиќ е единствениот селектор во екипните спортови, кој има четири олимписки златни медали со три различни репрезентации. Со Хрватска во период од осум години освои 10 медали.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство