Ширум Европа во тек се квалификациски натпревари за ЕУРО 2016, а од синоќа нов рекордер по постигнати голови е Кристијано Роналдо.
Португалскиот напаѓач го постигна голот вреден победа за неговата репрезентација на гостувањето кај Ерменија и воедно постана најефикасен фудбалер во квалификациски дуели.
Роналдо води на вечната листа на најдобри стрелци со 23 погодоци, потиснувајќи го Данецот Џон Томасон на второто место со 22 голови.
Во ТОП 5 на оваа листа се наоѓаат и Роби Кин (Ирска), Јан Колер (Чешка) и Хакан Шукур (Турција) кои имаат постигнато по 21 гол.