Роналдо му диктира на раководството на Ал Наср – бара засилување од 100 милиони евра

Од:

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) им предложи на челниците на Ал Наср да го ангажираат Луис Дијаз од Ливерпул, кого англискиот клуб го цени на најмалку 100 милиони евра.

Овој потег дојде веднаш по продолжувањето на договорот на Португалецот со саудискиот клуб, со цел дополнително да се зајакне тимот пред новата сезона и да се зголеми конкурентноста во борбата за трофеи.

Како што објави списанието Спорт“, Кристијано им предложил на раководството да го доведат напаѓачот на Ливерпул и еден од најзначајните играчи на Премиер лигата.

Сепак, задачата воопшто не е лесна.

Англискиот клуб не е подготвен да се откаже од Колумбиецот, освен ако на адресата на Црвените“ не стигне понуда од најмалку 100 милиони евра, што би бил најскапиот трансфер во историјата за Ал Наср.

Покрај финансискиот предизвик, саудискиот вицешампион ќе мора да се надигрува со сериозна конкуренција, меѓу заинтересираните за Дијаз е и Баерн Минхен, кој веќе некое време внимателно го следи неговиот статус во Ливерпул.

Роналдо, кој наводно имал одлучувачки збор во ангажирањето на тренерот Жорж Жезус, очигледно сака да му обезбеди на својот поранешен ривал од Ал Хилал соодветни играчи за борба на повеќе фронтови.

Би можело да ве интересира

Меси го престигна Роналдо по број на постигнати голови од игра

А1он

Португалскиот ас се договори за нов договор со Ал Наср

Меси за Роналдо: Очигледно е дека не сме пријатели

А1он

Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј

А1он

(ВИДЕО) Кристијано Роналдо го изведе најлошиот пенал во кариерата

А1он

Роналдо нема да игра во финалето на Азиската Лига на шампиони