Роналдо ја пишува фудбалската историја

Од:

Каде и да се појави, Кристијано Роналдо руши рекорди. Истото беше и на натпреварот против Унгарија (2:2) во квалификациите за Светското првенство 2026.

Тој ги постигна двата гола за Португалија и со тоа ја испиша фудбалската историја по којзнае кој пат.

Имено, фудбалерот на Ал-Наср стигна до бројката од 41 гол во квалификациите за Светското првенство и е најдобар.

Досега, рекордот со 39 гола го држеше Карлос Руиз од Гватемала, кој вчера мораше да му го предаде првото место на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

– Не е тајна дека претставувањето на националниот тим ми значи многу и затоа сум многу горд што стигнав до оваа единствена пресвртница за Португалија. Благодарност до сите што ми помогнаа да стигнам до таму. Ќе се видиме во ноември за да обезбедиме место на Светското првенство – напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Португалија е прва во групата Ф со 10 бода, пет повеќе од Унгарија и е на добар пат да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Би можело да ве интересира

Роналдо е повреден – ќе биде ли фит до почетокот на Мундијалот?

А1он

Кристијано Роналдо купи клуб во Шпанија

А1он

(ВИДЕО) Роналдо го заврши штрајкот, се врати на терен и го постигна 962. гол во кариерата

А1он

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, продолжува со штрајкот втор натпревар по ред

Кристијано Роналдо си оди од Ал Наср?

А1он

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 959 гола во кариерата, но неговиот тим го загуби најголемото саудиско дерби

А1он