Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Од:

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија.

Ова денеска на својот Фејсбук профил го објави министерот за спорт, Борко Ристовски, изнесувајќи детали од вчерашната средба со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.

„Заедно со г-динот Рокас ги потврдивме заклучоците дека приоритети во нашето делување треба да бидат борбата против корупцијата и враќањето на довербата во институциите меѓу кои е и Министерството за спорт“, наведе Ристовски.

Истакнувајќи дека „Европската унија е докажан партнер во развојот на спортот во нашата земја“, министерот Ристовски изрази уверување дека „оваа соработка ќе продолжи со уште поголем интензитет“.

Би можело да ве интересира

Рокас: ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг

Рокас: Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Горан Наумовски

Азески – Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

А1он

Рокас: Неопходно е воспоставување на закони и механизми кои ги штитат и поддржуваат правата на жените

А1он

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било