Ренова дефинитивно ќе се откаже од учество во Првата лига?

Од:

Првата фудбалска лига на Македонија најверојатно ќе стартува со 11 тима, откако повторно се врати огромната неизвесност околу настапот на тетовскиот клуб Ренова во претстојната сезона 2022/23.

Од Тетово доаѓаат информации дека пропаднала и последната можност за да се изнајде финансиски стабилен спонзор кој ќе застане зад клубот.

Раководството беше во преговори со спонзор од Австрија, но очигледно дека не е најден заеднички јазик.

Ждребот за Првата лига е веќе извршен, Ренова е ставена во календарот, но можно е во наредните денови да стигне и официјален допис до ФФМ дека клубот ќе се откаже од учество во македонската фудбалска елита.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Ренова и Шкендија се пласираа во второто квалификациско коло на Лига Европа, Шкупи го заврши европскиот настап

Жарко Настоски