Реми меѓу Мајнц и Борусија Менхенгладбах во осмото коло во Бундеслигата

Од:

Фудбалерите на Мајнц и Борусија Менхенгладбах одиграа нерешено 1:1 вечерва, во рамките на осмото коло од Бундес лигата.

Домашните поведоа во 55. минута со автоголот на Стефан Лајнер, израмни Тим Клајндинст за Борусија во 57. минута.

Мајнц е на 12. место на табелата во Бундес лигата со девет бодови, во следното коло се среќава со Фрајбург.

Би можело да ве интересира

Мајнц го доби четвртиот главен тренер сезонава

Жарко Настоски