Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Од:

Првиот победник од Австралија, Тоби Прајс со КТМ го повтори својот успех од 2016 година и покрај болките од фрактура во левата рака, го освои рели Дакар 2019 во категоријата кај моторите.

Тој го презеде водството по елиминацијата на пилотите на Хонда, Хоан Бареда, кој падна во третата фаза, и Рики Брабек, чиј мотор се оштети во осмата фаза.

Со успехот на Прајс, КТМ продолжуваат со својата тотална доминација кај моторите на Дакар за 18-та година по ред.

Двајца од фаворитите – победникот од 2017 година Сем Сандерленд (КТМ) и Кевин Бенавидес (Хонда) добија тешки казни за модифицирање на мониторинг системот, односно за криење на лични забелешки за рутата, и отпаднаа од борбата за победа пред претпоследната фаза.

Најдобриот напреварувач со Јамаха, Адриен ван Беверен остана разочаран откако во претпоследната фаза, доби оштетување на моторот.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Тојота му понуди на Алонсо да вози за нив на Дакар 2020

Ана Ололовска