Рекорден награден фонд и електронски судии на Вимблдон

Од:

Наградниот фонд на Вимблдон се зголеми на рекордни 53,5 милиони фунти (околу 73 милиони долари), а шампионите во женска и машка конкуренција во сингл ќе добијат по три милиони фунти, односно четири милиони долари, објавија денес организаторите на тенискиот Гренд слем турнир.

Наградниот фонд се зголеми за 3,5 милиони фунти во споредба со минатата година, или седум проценти, што е двојно повеќе од она што им беше доделено на натпреварувачите на тој турнир пред 10 години.

„Исклучително сме горди на фактот дека ако се осврнете 10 години назад, можете да видите зголемување, оваа година за седум проценти. И ги слушавме играчите, работевме со играчите“, изјави претседателката на клубот „Ол Ингланд“ – Дебора Џеванс.

Победниците во поединечна конкуренција на Вимблдон ќе добијат 11,1 проценти повеќе пари од минатата година, што е резултат на растечките барања од играчите за поголем дел од профитот на Гренд слем турнирот.

Играчите кои ќе изгубат во првото коло во поединечна конкуренција ќе добијат 66.000 фунти, што е зголемување од 10 проценти во однос на минатата година.

Вимблдон ќе започне на 30 јуни и ќе трае до 13 јули.

За првпат во историјата на најстариот Гренд слем турнир, линиските судии ќе бидат заменети со електронски систем.

Би можело да ве интересира

Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Сензации на Вимблдон, 8 тенисери од првите 10 елиминирани уште на почетокот на турнирот

А1он

На Циципас не му оди со Иванишевиќ – ги пакува куферите уште по првото коло на Вимблдон

А1он

Шок на стартот на Вимблдон – рускиот тенисер Данил Медведев елиминиран уште во првото коло

А1он

Енди Мареј ќе добие статуа на Вимблдон

А1он