Регистрирани шест полетувалишта за параглајдери во општините од југоистокот на Македонија

Од:

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија (АЦВ), заедно со претставници од клубот за екстремни спортови „Пеликан-Екстрем“ од Гевгелија изврши преглед и контрола на квалитетот на шест полетувалишта за параглајдери на териториите на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци по што со траен карактер ги внесе во својот регистер со сите параметри кои во иднина ќе им служат на параглајдеристите.

– Со цел да се популаризира параглајдерството и летањето со змаеви на овие простори, изминативе четири години беше направена огромна студија и опсервација на терените кои со голема љубов и огромна работа на членови од клубот како и со помош на организации, се претворени во прекрасни полетувалишта и слетувалишта кои ќе се користат многу години, рече Лазар Стамков од клубот „Пеликан-Екстрем“.

Во регистерот на АЦВ на Македонија се внесени теренот во близина на планинското село Серменин во општина Гевгелија, Стојачка чука кај селото Стојаково во општина Богданци, локациите Голаш и Татарлиска чука во близина на Валандово како и локалитетите Мала и Голема Боскија во близина на Дојран.

Според информациите од Стамков, клубот „Пеликан-Екстрем“ од Гевгелија за септември на Стојачка чука подготвува натпревар во прецизно слетување кој од наредната година ќе влезе во календарот на Македонската параглајдерска лига.

Би можело да ве интересира

Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″

Ана Ололовска

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Ана Ололовска

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Ана Ололовска

Крушево домаќин на ФАИ Светско првенство во параглајдерство

Ана Ололовска

Крушево со многу параглајдеристи од Европа, во тек е Крушево Озон опен

Ана Ололовска