Радичевиќ: Верувавме дека можеме да победиме

Од:

Вардар е еден од ретките тимови што успеал да триумфира во Подгорица кај Будуќност во рамките на Лигата на шампионите. Во првото коло од главната фаза македонскиот ракометен шампион го победи Будуќност со 31:28, за продолжување на победничката низа која трае шест натпревари. Десното крило Јованка Радичевиќ постигна три гола на средбата.

– Би им честитала на соиграчите, бидејќи на тежок терен освоивме два бода. Не знам кој успеал тука да победи, можеби Ѓер беше последен што триумфираше. Ние веруваме дека можеме да победиме. Драго ми е што и кога Будуќност водеше ние не ја загубивме вербата, туку бевме како едно. Беше тежок натпревар до последен момент. Мислам дека овие две екипи покажаа како се игра квалитетен ракомет, изјави Радичевиќ.

Само во првите 15 минути од второто полувреме домаќинките имаа предност, а во другиот дел од средбата Вардар имаше водство и иницијатива. ЖРК Вардар е прв тим што по речиси четири години успеал да победи во Подгорица во Лигата на шампионките.

– Му честитам на Драган Аџиќ, бидејќи го почитувам како тренер, и него и екипата. Ова беше добар натпревар. Тешко како и секогаш, и ние моравме многу да работиме како подготовка за натпреварот. Три недели се подготвуваме за овој меч. Се играше „горе- доле” со резултатот. Ние имавме и доста проблеми, но победивме. Игравме со доверба, сакавме да победиме. Знаеме дека тука е тешко. Задоволен сум од играчите како игравме, и им честитам. Среќен сум поради тоа, изјави Давид Дејвис, тренерот на Вардар.

„Црвено-црните“ Сега остануваат на чело на табелата во Група 1 со 9 бода, два повеќе од ФТЦ Будимпешта и три повеќе од Будуќност.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска