Радичевиќ: Мислевме дека е крај

Од:

Пред можеби одлучувачкиот натпревар во Лигата на шампиони, ракометарките на ЖРК Вардар доживеаја вистински хорор во авионот со кој летаа кон Љубљана.

„Беше хаос. Авионот почна да слетува и почна да се лула. Во прв момент помисливме дека се работи за турбуленција, затоа што така изгледаше, но ветрот дуваше се посилно и посилно. Ја видовме пистата, но тогаш авионот целосно се искриви и почна да пропаѓа. Многумина меѓу нас врискаа. Тогаш авионот повторно се исправи и се искачи во висина“, вели Радичевиќ.

„Никој не ни се обраќаше. Стјуардесата беше потполно занемена, а пилотот се јави дури после 15 минути и рече дека имало силен ветер и дека ќе се обиде да слета од друга страна. Верувајте беше ужасно. Дури и тие кои не се плашат од летање, мислеа дека е крај. Сите имавме мачнини, бевме очајни. Долго не можев да си дојдам на себе“, рече за црногорски Вијести, Јованка Радичевиќ.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска