Пуј победник на турнирот во Штутгарт

Од:

Французинот Лукас Пуј го освои првиот шампионски трофеј во својата кариера на турнир на трева.

Тој денеска во финалето на АТП турнирот во Штутгарт, Германија, го совлада Фелисијан Лопез (Шпанија) со 2-1. По нешто повеќе од два часа игра.

Шпанскиот тенисер го доби првиот сет со 6:4, Пуј изедначи во вториот сет во кој се играше тај-брејк (7:6), а во решавачкиот беше 6:4.

За Пуј ова е трета титула во кариерата, по триумфите во Мец и Будимпешта мината година.

Би можело да ве интересира

„Билд“ за тренерот на Штутгарт по вчерашниот дебакл во Белград: „Стоеше како збунета пудлица“

А1он

Зајакнати безбедносните мерки на аеродромот во Штутгарт, медиумите јавуваат за забележани исламисти

Наум Локоски