Прва титула во регионалната ракометна лига за ЖРК Вардар

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар ја освоија титулата во женската регионална ракометна лига откако вечерва во финалето што се одигра во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа големиот ривал Будуќност со 27:25 (15:14).

„Вардарки“ триумфот го најавија на самиот старт со одличниот настап на голманката Амадин Лејно, која вчера во полуфиналето со Подравка не бранеше, а денеска имаше одличен почеток на финалето со четири одбрани. ЖРК Вардар во финишот на првиот дел имаше водство од четири голови, но Будуќност преку бековите Кристина Неагу и Катарина Булатовиќ го намалија водството.

На почетокот на вториот дел „црвено-црните“ поведоа со 20:17, но кон средината на полувремето, Будуќност имаше водство со 22:21. Македонскиот првак брзо ги консолидираше редовите и стигна до победата.

Најефикасна кај ЖРК Вардар беше Тамара Мавсар со шест постигнати голови, а Андреа Пенезиќ постигна пет. Во таборот на Будуќност, Неагу и Булатовиќ дадоа по осум голови.

Во малото финале екипата на Крим постигна победа од 31:25 против Подравка.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска