Прва победа во кариерата за Ферстапен

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е сензационален победник на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија, возена попладнево на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Осумнаесетгодишниот Ферстапен на најдобар можен начин го искористи инцидентот во кој учествуваа двата болида на Мерцедес при што Луис Хамилтон и Нико Розберг, кои стартуваа од првиот ред ја завршија трката уште во првиот круг по меѓусебниот судир.

За Холанѓанецот ова беше прв подиум во 24 трка, со што стана најмладиот победник во историјата на Формула 1.

До тронот во Барселона тој стигна со време 1:41.40.017 часа.

На второто и третото место завршија возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Во Генералниот пласман и натаму во водство е Нико Розберг со 100 бодови, пред Раиконен со 61 и Хамилтон со 57.

Следната трка во Ф1 е на 29 мај во Монако.

Би можело да ве интересира

Раиконен: Сопирачките едноставно откажаа

Емир Латифовиќ

25 години од смртта на Енцо Ферари

Емир Латифовиќ

Ферари заинтересиран за Кими Раиконен

Емир Латифовиќ

Индија остана без Формула 1

Емир Латифовиќ

Пол позиција за Фетел во Канада

Емир Латифовиќ

Розберг ќе стартува прв на Каталуња

Емир Латифовиќ