Со победа од 58:41 во четвртиот натпревар од финалната серија против Вигор Скопје, екипата на Кросиг со вкупен резултат од 3-1 во победи стигна до првата шампионска титула во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија.
Центарот на победничкиот тим, Елена Раденковиќ беше избрана за МВП на финалето.
Со водство во текот на целиот натпревар одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, Кросиг ја заслужи победата. Резултатот по четвртини беше: 12:6; 18:9; 11:13 и 17:13.
Елена Раденковиќ, која на последниот меч оствари дабл-дабл од 16 поени и 12 скокови, беше избрана за МВП на финалето.
Освен Раденковиќ двоцифрен број поени за новиот македонски шампион постигнаа и Зорица Ацковска 11, Софија Лазареска 10 и Кристина Семереди 10.
Во поразениот тим најдобра беше Сања Раденковиќ со 13 поени.
Вигор Скопје и натаму останува најтрофеен тим во историјата со девет освоени титули.
Фото: Екипа.мк