Прв гол за Турчинките на ЕП во ватерполо

Од:

Женската ватерполо репрезентација на Турција конечно во својот трет натпревар на Европското првенство што се одржува во Белград, го постигна првиот гол.

По двата катастрофални порази од Русија и Холандија во кои Турчинките не уепеаа ниту еднаш да ја затресат противнилката мрежа, конечно тоа денеска им успеа во дуелот против Унгарија. Но, и овој меч кој беше во рамките од 3.коло на А групата, тие го загубија убедливо од Унгарија со 27:1.

Во другите два натпревари од истата група, одиграни попладнево убедливи победи остварија, Холандија над Португалија со 28:2, односно Русија која со 16:6 ја победи Грција.

На табелата по 3.одиграни кола, водечките Холандија и Русија имаат по максимални 9 бода, Унгарија 6, Грција 3, а Португалија и Русија се без освоен бод.

Утре ќе се играат натпреварите од 3.коло во Б групата.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство