Промоција на Мурињо на „Олд Трафорд“

Од:

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо од денеска и официјално е нов предводник на премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

Португалецот на промоцијата изјави дека му жал што клубот следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, но изрази уверување дека ќе стори се да го врати клубот на старите патеки.

– Сакам се. Сакам да победувам на натпреварите, сакам да играм добро, сакам нашите навивачи да бидат со нас. Се разбира тешко е да се добие се, но ќе се трудиме во најголем дел да ги оствариме амбициите, истакна Мурињо.

Запрашан дали има нешто да докажува поради предвремениот прекин на неговиот мандат во Челзи, односно добиениот отказ, Мурињо конкретен дека нема што да се докажува пред другите.

– Некои тренери ниту по десет години работа не освоиле титула за разлика од мене. Ако треба јас да се докажувам, замислете што треба да направат другите. Само пред себе може да се докажувам, додаде новиот менаџер на Јунајтед.

53-годишниот Мурињо на клупата на Манчестер ќе го наследи Луј ван Гал. Во новата сезона тимот ќе биде посилен за Златан Ибрахимовиќ и Ерик Бејли, а Борусија Дортмунд ја прифатив понудата за Хенрих Михтаријан.

– Се одлучивме за четири играчи. Четвртиот ќе го соопштиме наскоро, истакна португалскиот стручњак. зс/14:48

Би можело да ве интересира

Мурињо повторно му се понуди на Интер

Мурињо притиска за враќање во Интер