Ватерполистите на Про Реко ја освоија титулата европски првак, откако во финалето на Лигата на шампионите во Барселона го победија Приморје од Риека со 8:7. Резултатот по четвртини: 1:3; 2:0; 4:2 и 1:2.
Ова е осма титула за Италијанците со што ги поминаа екипите на Младост и Партизан на вечната листа на најуспешни екипи во европските клупски натпреварувања.
Најдобри кај победникот беа Маро Јоковиќ, Александар Ивовиќ и Фијоли со по два гола, додека кај Приморје се истакна Сукно со три погодоци.